All posts by Админ

СООПШТЕНИЕ ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека е отворен повик за избор на тутори за учениците од основното и средното образование.

Програмата за обезбедување туторство на учениците од основното и средното образование има за цел да ги поврзе учениците со студентите кои треба да им помагаат во совладувањето на училишниот материјал.

За возврат, Вие како тутор ќе добиете дополнителни 10 поени при аплицирањето за студентска стипендија доколку ги исполните условите предвидени во програмата.

Доколку сакате да бидете тутор:

  1. Регистрирајте се на системот на следниот линк: регистрација
  2. Пополнете ја пријавата – За комплетно пополнување на пријавата потребни Ви се следниве документи:
  • Потврда за редовен студент;
  • Препорака од професор (Образецот за препораката од професорот може да ја симнете од следниот линк: препорака);
  • Уверение дека со правосилна судска пресуда не Ви е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  • Фотографија
  1. Внесете ги предметите по кои сакате да нудите туторство на учениците.

Вие можете да нудите туторство само по предметите по кои имате добиено најмалку оцена 8 и за секој предмет треба да внесете соодветна препорака од предметниот професор.

Комисијата за избор на тутори ќе ги разгледа и одобри добиените пријави од секој студент за секој предмет одделно.

На секое побарано туторство од родителите, Вие треба да одговорите најдоцна во рок од 5 дена, во спротивно побараното туторство ќе се смета како одбиено.

Вие можете да бидете тутор по најмногу 4 предмети, или може да подучувате најмногу четири ученици по еден предмет. За да ги добиете дополнителните поени за стипендија, ученикот треба да ја поправи годишната оцена по соодветниот предмет во споредба со оцената од минатата учебна година. За остварување на дополнителни 10 поени, потребно е оцените кај минимум два ученика да бидат поправени во однос на минатата учебна година, односно минимум кај еден ученик оцените по два предмети да се поправени во однос на минатата учебна година.

Во периодот од 1 до 30 октомври, може да се регистрирате како тутор и да ја поднесете Вашата пријава.

СООПШТЕНИЕ ЗА СИТЕ РОДИТЕЛИ

Почитувани родители,

Ве известуваме дека од 1-ви октомври 2016 година, Министерството за образование и наука започна со имплементација на Програмите за обезбедување туторство на учениците од средното и основното образование. Програмите имаат за цел обезбедување туторство на учениците преку овозможување на пристап до бесплатни дополнителни часови за учениците запишани во основното и средното образование.

За таа цел, Министерството за образование и наука разви Интерактивен портал за тутори кој е целосно интегриран со Е-Дневник системот, односно Вие може да пристапите до сите потребни податоци за туторите преку Е-Дневникот на Вашето дете.

Доколку сеуште немате кориснички информации за најава на Е-Дневникот, за истите да ви бидат креирани, потребно е:

  • Вашата e-mail адреса да ја доставите до класниот раководител на Вашето дете или истата да ја испратите на електронската пошта: ednevnik@ednevnik.edu.mk заедно со следниве информации:
  • Ваше име и презиме;
  • Име и презиме на Вашето дете;
  • Паралелка;
  • Класен раководител;
  • Училиште и општина.

Откако ќе се најавите на Е-Дневник системот до делот за тутори можете да пристапите преку табот Тутори од главното мени.

Вие можете да побарате туторство само по предметите по кои Вашето дете не добило годишна оцена 5 за претходната учебна година.

Во периодот од 18-ти до 25-ти ноември 2016 година,  можете да изберете тутор/и за Вашето дете.

ПОВИК

Почитувани студенти и родители, Ве известуваме дека е отворен повик за аплицирање за програмата за обезбедување на туторство за учениците од основното и средното образование од страна на студентите за учебната 2016/2017 год.

Повикот е отворен во периодот:

  • Аплицирање од страна на студентите кои сакаат да бидат тутори од 1-ви до 30-ти октомври 2016 год.
  • Проверка на приложената документација од страна на комисијата од МОН од 31-ви октомври до 9-ти ноември 2016 год.
  • Спроведување на интервјуа со туторите од страна на комисијата од МОН 10-ти до 17- ти ноември 2016 год.
  • Избор на тутори од страна на родителите на учениците од средно и основно образование 18-ти-25-ти ноември 2016 год.
  • Одржување на часовите од 26-ти ноември, 2016-10-ти јуни 2017 год.