СООПШТЕНИЕ ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека е отворен повик за избор на тутори за учениците од основното и средното образование.

Програмата за обезбедување туторство на учениците од основното и средното образование има за цел да ги поврзе учениците со студентите кои треба да им помагаат во совладувањето на училишниот материјал.

За возврат, Вие како тутор ќе добиете дополнителни 10 поени при аплицирањето за студентска стипендија доколку ги исполните условите предвидени во програмата.

Доколку сакате да бидете тутор:

  1. Регистрирајте се на системот на следниот линк: регистрација
  2. Пополнете ја пријавата – За комплетно пополнување на пријавата потребни Ви се следниве документи:
  • Потврда за редовен студент;
  • Препорака од професор (Образецот за препораката од професорот може да ја симнете од следниот линк: препорака);
  • Уверение дека со правосилна судска пресуда не Ви е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  • Фотографија
  1. Внесете ги предметите по кои сакате да нудите туторство на учениците.

Вие можете да нудите туторство само по предметите по кои имате добиено најмалку оцена 8 и за секој предмет треба да внесете соодветна препорака од предметниот професор.

Комисијата за избор на тутори ќе ги разгледа и одобри добиените пријави од секој студент за секој предмет одделно.

На секое побарано туторство од родителите, Вие треба да одговорите најдоцна во рок од 5 дена, во спротивно побараното туторство ќе се смета како одбиено.

Вие можете да бидете тутор по најмногу 4 предмети, или може да подучувате најмногу четири ученици по еден предмет. За да ги добиете дополнителните поени за стипендија, ученикот треба да ја поправи годишната оцена по соодветниот предмет во споредба со оцената од минатата учебна година. За остварување на дополнителни 10 поени, потребно е оцените кај минимум два ученика да бидат поправени во однос на минатата учебна година, односно минимум кај еден ученик оцените по два предмети да се поправени во однос на минатата учебна година.

Во периодот од 1 до 30 октомври, може да се регистрирате како тутор и да ја поднесете Вашата пријава.