СООПШТЕНИЕ ЗА СИТЕ РОДИТЕЛИ

Почитувани родители,

Ве известуваме дека од 1-ви октомври 2016 година, Министерството за образование и наука започна со имплементација на Програмите за обезбедување туторство на учениците од средното и основното образование. Програмите имаат за цел обезбедување туторство на учениците преку овозможување на пристап до бесплатни дополнителни часови за учениците запишани во основното и средното образование.

За таа цел, Министерството за образование и наука разви Интерактивен портал за тутори кој е целосно интегриран со Е-Дневник системот, односно Вие може да пристапите до сите потребни податоци за туторите преку Е-Дневникот на Вашето дете.

Доколку сеуште немате кориснички информации за најава на Е-Дневникот, за истите да ви бидат креирани, потребно е:

  • Вашата e-mail адреса да ја доставите до класниот раководител на Вашето дете или истата да ја испратите на електронската пошта: ednevnik@ednevnik.edu.mk заедно со следниве информации:
  • Ваше име и презиме;
  • Име и презиме на Вашето дете;
  • Паралелка;
  • Класен раководител;
  • Училиште и општина.

Откако ќе се најавите на Е-Дневник системот до делот за тутори можете да пристапите преку табот Тутори од главното мени.

Вие можете да побарате туторство само по предметите по кои Вашето дете не добило годишна оцена 5 за претходната учебна година.

Во периодот од 18-ти до 25-ти ноември 2016 година,  можете да изберете тутор/и за Вашето дете.